Општина Карпош ги информира граѓаните кои аплицирале на јавните повици за субвенционирање за набавка на нови лифтови, за поправка на постоечки лифтови, за санација на кровни покривачи на зградите, како и за замена на азбестни покриви на куќите, дека Комисијата за доделување на субвенции за оваа намена, нема да одржува редовни комисии додека трае изборната кампања.
Имено, по добиените насоки од Антикорупциска комисија на РСМ, Комисијата од Општина Карпош во периодот од 4. април 2024 до 8. мај 2024 година (додека трае кампањата за претстојните претседателски и парламентарни избори), нема да биде во можност да одржува редовни комисии за субвенционирање, наведуваат преку соопштение од општината.
Но во овој случај, граѓаните кои се заинтересирани за гореспоменатите јавни повици, (и додека трае процесот на избори) ќе можат непречено да ги доставуваат своите апликации за добивање на субвенции, во архивата на Општина Карпош. Секако, по завршување на изборниот процес, Комисијата ќе продолжи со работа според Јавниот повик.