Како изгледа и што треба да има на традиционалната велигденска трпеза?

Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност семејството да се собере на заедничка велигденска трпеза.

Поентата на празникот е во заедништвото, топлата атмосфера, блискоста и споделувањето на нештата, сето тоа на свечен празничен велигденски ручек.

Денес е Велигден, еден од најголемите христијански празници. Традиционално секоја трпеза ја красат бојадисани јајца и козињак (милиброд), но и други јадења.

Освен што е христијански празник, за Велигден можеме да кажеме дека е кулинарски празник. Во празничните денови се оди на гости кај роднините и семејството го слави празникот со богата и убаво уредена трпеза.

Традиционално се приготвува козињак и бојадисани јајца

Козињакот и бојадисаните јајца се задолжителни на секоја трпеза, затоа што црвените јајца ја симболизираат крвта на Исус, а козињакот неговото тело.

Централно место на велигденската трпеза е декорирана чинија или кошничка со вапсани јајца. Домаќинот го зема првото јајце, а по него и останатите домашни. Тогаш настанува веселба и натпревар чие јајце е најсилно што претставува голема радост за децата. Додека се кршат јајцата, се изговара „Христос воскресе“ и „Навистина воскресе“. На Велигден прво се јаде велигденското јајце, а потоа и останатото јадење.

Исто за овој празник во некои краеви се приготвуваат различни лебови, кои најчесто се прават во сабота, пред големиот празник. Формата му е различна – кружи, елипсовидни, а се украсени со крстови, симболи, суво грозје или велигденси јајца.

За ручек се служат јадења со јагнешко месо и салата

Најчесто за време на велигденскиот ручек се служи јагнешко месо. Тоа се поврзува со фактот дека на денот на воскресението на Исус, како жртва било пренесено јагне. Но, некои кои не јадат јагнешко месо, приготвуваат свинско или зајачко печење.

Зелените салати често се служат во комбинација со месото.

Трпезата се украсува со свежи цвеќиња

За десерт се прават различни колачи, баклави и торти, со цветни декорации. Покрај нив, трпезата ја красат убави декорации, различни салфетки, свежи цвеќиња и кошнички во форма на гнезда со бојадисаните јајца. Овие гнезда се симбол на домот и семејството.

Можете да направите комбинација од велигденски јајца, пролетни цвеќиња, лалиња и зелени гранчиња од врба, кои го симболизираат раѓањето на пролетта.

Но, најважно е да бидете заедно со семејството и во слога и мир да ги дочекате празниците! Што вие приготвувате за велигденската трпеза?

На Велигден православните верници се поздравуваат со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.

На велигденската свечената трпеза дополнително може да ги има овие неколку работи:

1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост), лав (храброст), волот (правдата) и тоа се животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

4. Вапцани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство.