Како да го избегнете тешкиот мамурлак во текот на новогодишните празници

Периодот на новогодишните празници е исполнет со многу забава, еуфорија, но и алкохол. Често во сиот тој хаос на луѓе и забава, се препуштаме на алкохолот и музиката, заборавајќи дека така не само што го дехидрираме своето тело, туку предизвикуваме и состојба на мачнина во текот на наредниот ден.

Веројатно секој од нас по ноќта исполнета со забава и алкохол,  следното утро станува  со мислата и тврдењето дека нема да пие повеќе. Но, наместо да го трошиме своето време на лаги кои си ги кажуваме себеси, подобро е да посветиме малку внимание на намалувањето на внесувањето на алкохолот, но и начините кои помагаат во минимизирање на ефектите од мамурлакот.

Пред да пиете

Јадете мрсна храна

Веројатно веќе сте свесни или пак сте слушнале колку опасно е да пиете на празен стомак. Треба да знаете дека доколку каснете мрсен оброк пред конзумирањето алкохол, тоа ќе ја намали апсорпцијата на алкохол, што значи дека помали се шансите да се разбудите со ужасна главоболка. Пиењето полна чаша алкохол го има истиот ефект, а според многу експерти и маслиновото масло.

Пијте многу вода

Без да навлегуваме во стручни термини кои не ги разбираме, важно е само да знаеме дека пиењето алкохол го блокира создавањето на хемикалијата позната под името васопресин, што значи дека при пиењето алкохол, црниот дроб наместо да ја апсорбира во вашето тело, ќе ве натера да исфрлите голем дел од водата.

Пиењето алкохол го дехидрира нашето тело и тоа во голема мера, што може да предизвика сува уста и силна главоболка. Затоа, потрудете се да пиете вода и тоа во големи количини.

Во текот на пиењето

Пијте во мали количини

Како што веројатно имате сфатено досега, различни видови алкохол предизвикуваат различни видови на мамурлак. Тоа зависи од процентот на алкохолот и ферментацијата. Поголема е шансата да се опиете од црвено вино, виски и рум, додека пак вотката и белото вино се малку подобра опција.

Продолжите да пиете вода

Ова го споменавме веќе претходно пред пиењето алкохол, но треба да знаете дека најважно е да останете хидрирани. Главната причина за главоболките е недостатокот на хидратација во вашето тело.

Немојте да мешате алкохол

Веројатно го знаете и ова, но би сакале да ве потсетиме дека различни видови алкохол секогаш предизвикуваат ужасен мамурлак. Затоа, што и да пиете -  избегнете го мешањето.

Немојте да возите

Ова потсетување треба да дојде со големи букви. Немојте да пиете пијани, бидејќи можете да се соочите со ужасни последици. Следете ги препораките на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Следното утро

Апчиња против главоболка

Веројатно при првите ужасни знаци на главоболка, вашата прва мисла ќе биде да земете апче против болка, но важно е да ги изберете вистинските. Аспиринот може да биде од голема помош, но ќе ви создаде болка во стомакот, доколку имате чувствителен стомак и желудник. Затоа, држете се до апчиња кои содржат ибупрофен, но во рамки на препорачаната доза.

Пијте многу вода

Го споменавме и претходно, но важно е да го хидрирате телото по истоштувачката ноќ која ја поминавте во друштво на алкохолот.

Не пијте кафе

Иако кафето можеби е првото нешто што ќе ви падне на памет за да ве освести, треба да знаете дека тоа е диуретик кој предизвикува вашето тело брзо да ги изгуби течностите кои му се потребни. Затоа, наместо кафе – напијте се свежо цеден сок или чај.