20.30/ „Скопско лето“
„Мелодии од Виетнам“
Концертот на две виолини, виола и виолончело е насловен „Мелодии од Виетнам“ и ќе се одржи во галеријата Даут-пашин амам со почеток во 20:30 часот.
20.00/Beatrix Crew
Leonardo Huseini / “Hallucinations” Workshop
Леонардо Хусеини е искусен танчер и кореограф од Скопје, Македонија. Неговата работа ја препознаваат низ целиот Балкан, како и низ други Европски градови и тоа по квалитет и иновативност. Тој е еден од најистакнатите танчери во Македонија и е лидер/промотор на најновите техники од урбаните танци.
Ова ќе биде неговата Прва официјална танцова работилница, и од таа причина, тој сака да сподели со вас нешто посебно, како и да размени искуство и знаење со сите Вам, љубители на танцот.
Цената на работилницата е 10EUR (600 денари).
Пријавувањето може да го направите на фб профилот на Beatrix Crew или пак на телефонскиот број (+389 71 366 363).
23.55/ Летен Клуб Хавана
Havana Mondays | Bionda Live Performance
Понеделник во Хавана
“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.
Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.
Пијачки 50% попуст
Влез: Слободен
20.00/Public Room
Еднодневна изложба со рачно изработени декорации – Dreamcatchers
Со почеток од 20h на 11ти (вторник), изложба на 3пи Позитив со рачно изработени декорации и накит Dreamcatchers.
Изберете позитивен подарок за себе или за оној што го сакате.
23.59/ Летен клуб Хавана
Шизи во вторник со SureShotz
Ново Sure Shotz шизење во летниот клуб Havana. Dj Shorty P и Dj Irie Scratch се овој пат позади грамофоните, пијачките стандардно на 50%, а влезот бесплатен.
20.30/ плоштадот Мајка Тереза
Вечер со Чардаш Бенд
Чардаш Бенд со настап на Скопски Летен Ритам!
Почетоците на бендот датираат од 1998 година, Скопје, Македонија. После скоро две децении функционирање, музиката на Чардаш Бенд е заштитен знак за пријатна атмосфера и добро расположение. Со повеќе настапи и надвор од земјата, добрата атмосфера со овој состав ни е загарантирана на 12.07.2017 на плоштадот Мајка Тереза (пред МОБ и зградата на Македонска Филхармонија)
Бидете и вие дел од Скопскиот Летен Ритам! Дојдете на настапот на Чардаш Бенд!
20.30/ плоштадот Мајка Тереза
Тумбао Салса Бенд
Тумбао Салса Бенд постои десетина години и интерпретира традиционална кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, и на свој сопствен начин ја поврзува со Македонската народна музика. За себе ќе кажат: 'свириме музика која ни доаѓа од срцето'. Кога Тумбао салса бенд свири, афро-кубанската латино еуфоријата е загарантирана! Скопски Летен Ритам го има задоволството да ве покани оваа среда (13.07) на плоштадот М. Тереза (пред МОБ) да го проследите овој концерт.
Тумбао салса бенд се:
Билјана Ѓошева - главен вокал
Петар Ренџов - гитара
Арсо Јаневски - конги и перкусии
Дамир Имери - клавијатури
Сашко Николовски - тромбон
Киро Кузмановски - саксофон; флаута
Ставре Ставрев - тапани
Горан Гешовски - бас
Сенат Усеин - труба
23.0/Д Фестивал
TDFU Takeover
Журката стартува од 23 часот па се до изгрејсонце. Редослед на настапувачи:
– Inomatik
– Gloomié
– Irie Scratch
– Druggy
– Bass Infusion
Visuals: MvrSvr Production
10.00/ Д Фестивал 2017
Дојран
Единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Седмо издание на фестивалот на кој ќе уживате во тридневна музичка програма, повеќе бини, камп и единствената фестивалска атмосфера. Повеќе информации во линкот погоре.
20.00/ Public Room
BBQ Party #7
Јавна скара #7 во Јавна Соба – петочно, опуштено дружење на тераса ~
Потребно е да си донесете друштво и месо по ваш избор кое шефовите на Public Room ќе ви го зачинат и подготват на грил со многу љубов, и секако бесплатно.
20.30/Плоштад Филип Втори
Група Баклава
Група Баклава македонска народан изворна музика
20.30 /Плоштад Богородица
КУД Вапцаров
Оваа седмица програмата на Скопски Летен Ритам ја затворија младите момчиња и девојчиња од КУД Вапцаров, кои со својата игра не потсетија колку богато културно наследство има нашата земја. голем ризик