Каде да се шета неделава?

Понеделник 12.6.2017

Кино Култура

20.00/Антигона и Креонт

Кино Култура – Театар на Навигаторот Цветко

Антигона и Креонт според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран
Адаптација: Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат: Симона Димковска Ивана Павлаковиќ Наталија Теодосиева Зоран Љутков Благој Веселинов Стефан Вујисиќ

Цена на карта: 250 ден.
Карти може да се набават онлајн преку продажната мрежа на купикартизасе или во продажните места на купи карти за сеwww.kupikartizase.com

Public Room

20.00Изложба на фотографии „Темјанот и несвесното”

Сетилата ја бележат минливоста на формите, нивната нетрајност во времето.
А помнењето … тоа е претстава за некоја настојчиво присутна состојба, за некаква секогаш наново прераскажана ситуација во просторот на искуството.
Густиот чад од кадилницата и тешката миризба на темјанот се само проста стилска фигура, обична суровина за илустрација на плитките темели под длабоко врежаните сеќавања.
Значи, еве ја задачата: да се фотографираат спомените за коишто … не постојат други сигурни сведоштва освен самата фотографија.

Вторник 13.6.2017

23.59/SureShotz шизење со Phat Phillie

Лојалната публика на Хавана, овој пат ќе има гостин, и тоа во Dj Phat Phillie (Zagreb / Hr), заедно со Dj Shorty P (Sure Shotz Entertainment), кој ќе биде загревање на настанот. На Ваше задоволство, влезот и овој пат ќе биде бесплатен, а пијачките на 50%.

Среда 14.6.2017

Веро Џамбо

19.00/Вино Фест 2017

Подгответе се за долгоочекуваниот годишен фестивал на добро вино, музика и одлична дружба. Вино фест 2017 од 14 до 18 јуни на паркингот пред Веро центар со многу интересни содржини. Повеќе инфо наскоро.

20.30/Отворање на Француски филмски фестивал

10 Години Фестивал на француски филм во Македонија

Отворање на десеттото издание на Францускиот филмски фестивал со проекција на филмот за животот на најпознатиот француски џез музичар Џанго Ренар, со којшто се отвори и овогодишниот Берлински филмски фестивал:
„Музиката на Џанго“
(2017, 1ч.55), на Етјен Комар, со Реда Катеб, Сесил де Франс, Беата Палја

Филмот е со превод на македонски јазик.

Бесплатни билети за проекцијата се резревираат и се подигнуваат во Францускиот институт во Скопје :
– преку електронска пошта: culture@ifs.mk или
– на следните телефонски броеви: (02) 3118 503 или 3116 734.

Продолжува на наредната страна..........

Четврток 15.6.2017

МКЦ

21.00/Superstudio // Installation // Paratissima Skopje #4

Суперстудио е аудио визуелна инсталација која претставува дихотомија во простор, каде звукот се приближува се поблиску и светлечките зраци симултано не проследуваат во темниот простор на една коцка.
Инсталација: Ангела Стефановска и Ема Велковска
Дизајн на звук: Сашо Пуцковски

www.facebook.com/the.ringtones.band

Петок 16.6.2017

МКЦ Клуб & Ресторан

21.00/Los Milonguitas – LIVE Concert & Milonga

Почитувани,

Фамилија Тангови и Клуб ресторанот МКЦ со особено задоволство ви го најавуваaт аргентинското танго трио Лос Милонгитас во Скопје!

Како дел од нивната прва европска турнеја, после настапи во Москва, Минхен, Стокхолм, Милано и други градови низ Европа, на 16-ти јуни, во ресторанот МКЦ, Лос Милонгитас ќе одржат концерт на танго музика, придружен со танго игранка-милонга. Ова трио, кое постои од 2014 година, својот музички репертоар го формира под девизата: подиумот за танц цело време да биде исполнет со танчери.

Билети во претпродажба (до 25ти мај) – 500 денари
Билети по редовна цена (по25ти мај) – 600 денари
Истите можете да ги набавите во МКЦ клуб ресторанот од 18ти април.

Сабота 17.6.2017

Летен Клуб Хавана

11.00/Предавање: како да го заштитите вашето творештво и вашиот бренд?

Во соработка со: BERIN
Предавач: М-р Марија Ќосеска, дипл.инг.арх
Дата и место: 17 јуни 2017, МКЦ (Џебно Кино)
Линк за пријавување:https://goo.gl/forms/js8cpkjuiyzmSWnm11. Интелектуална сопственост за уметници и креативни индивидуалци (претприемачи): авторски права, трговски марки, патенти – вовед, заштита, повреда на права, итн.

2. Дизајнот во едно поинакво светло: Заштитата на индустрискиот дизајн како награда за креативноста и стимул за економски развојЛинк за пријавување:https://goo.gl/forms/js8cpkjuiyzmSWnm1

Летен Клуб Хавана

20.00/Тул – A tribute to ‘Tool’

Tribute на ‘Tool’
(non-profit)

Аудио-визуено претставување на величината и генијалноста на Tool.

Со овој настан ќе бидат опфатени албумите 10,000 Days, Lateralus, Ænima, Salival.

МКЦ

22.00/Промоција на спот на *Galatheia* на Здраво Млади 7

Промоција на музичкиот спот за песната ДЕСЕТ на *GALATHEIA* остварен во креативниот курс организиран од Paratissima Skopje во соработка со BAIKA и Gogo Klincarov.

Промоцијата ќе се оддржи во сабота (17.06) во 22:00 часот на платото пред Младинскиот културен центар пред настапот на Operators на Паратисима Скопје #4.

По концертниот настап, GALATHEIA ќе настапи со ди-џеј сет од полноќ до утринските часови.

Недела 18.6.2017

Public Room

12.00/BBQ Party #3

BBQ Party #3.
Правилата на игра остануваат исти:
Секој си носи месо по избор, кое шефовите на Public Room го зачинуваат и го подговуваат на грил на најдобар начин.
Тимот на Public Room се грижи за набавка на доволно ладни пива, вина, ракии, сокчиња и спремаат коктели за 100че!
Дрес-кодот задолжително останува ист – твоите најкомотни бермуди, апостолки и памучна маичка.