ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве врши подготовки за претстојната голема есенска акција за садење дрвја и цвеќе

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје деновиве на терен вршат подготовки за претстојната голема есенска акција за садење.

Во рамките на есенското садење ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Дрвјата се набавени од Град Скопје, за што од буџетот беа издводени 12.5 милиони денари.