Големата пролетна работна акција на град Скопје продолжува во општина Карпош

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Карпош денеска почнаа голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Карпош. Екипите координирано до крајот на оваа недела ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во големата пролетна работна акција во Карпош на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта,  Лајка и Дрисла. 

Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална Хигиена постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.

Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:

1. Тафталиџе 2, на улица Женевска (автобуска постојка на последна 24-ка);
2.  Козле, кај ресторанот Македонска куќа ;
3.  Долно Нерези, на улицата Ванчо Мицков; 
4.  Влае 2, зад Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка.

ЈП Улици и патишта почнувајќи од денеска, па до крајот на неделата во општината Карпош  ќе се работат на санација на ударни дупки и поголеми оштетувања во асфалтот на мостовите  Обединети нации и  8.Септември, булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Партизански одреди,и  Илинден, како  и улица Лондонска, санација и прередување на оштетените бехатон плочи на тротоарите и реконструкција на канализациони шахти.  Екипите ќе извршат контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов, булеварот Илинден и улица Лондонска и обележување на хоризонталната сигнализација.

Во текот на акцијата ќе се изврши и дополнителна контрола на светлосната сигнализација на горенаведените улици. На  крстосницата на булеварот  Партизански одреди со улица Московска ќе се постави звучни сигнализација за лица со нарушен вид. 

Во соработка со Град Скопје и  Општина Карпош, заловувачките екипи на ЈП Лајка, оваа недела ќе постапуваат во оваа скопска општина.Согласно со планот и програмата за постапување на терен ЈП Лајка ќе ги  таргетираат критични точки и најфревентните локации како пешачки зони, училишта, градинки,паркови итн. 

Сите заловени кучиња ќе бидат згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде што  ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување, оние што нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација.

Оваа акција веќе се спроведе во скопската општина Кисела Вода, а ќе стане пракса и во другите скопски општини. 

Почнувајќи од денеска екипите на ЈП Паркови и зеленило ги продолжуваат активностите за средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. Со пролетната акција во оваа општина ќе бидат опфатени булеварот Илинден, улицата Никола Парапунов, булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологано,  како и улицата Јури Гагарин. Интензитетот на работните активности е во согласност со организираниот дневен распоред за работа, вклучувајќи механизација од камиони, дигалка и ѓубретарка, косилки и тримери.

Екипите на ЈП Водовод и канализација ќе работат на улиците Московска, Франклин  Рузвелт и Козле, како и на булеварите 8. Септември и  Партизански одреди.  На терен ќе се врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти. 

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на акцијата ќе го прима,  складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе биде собран на територијата на општина Карпош. 

Пролетната акција во општина Карпош почна денеска, 28-ми март, и ќе трае се до 1-ви март, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода и општина Карпош.