Акција на „Комунална хигиена“ во Лисиче, сто кубни метри отпад исчистени од приватен двор

Вкупно сто кубни метри отпад беа подигнати и транспортирани од приватен двор во населбата Лисиче, во рамките на петдневната акција, информираат од ЈП „Комунална хигиена“

Целосно е отстранета дивата депонија, составена од огромно количество мешан комунален, градежен и кабаст отпад, а локацијата е комплетно исчистена.

Во расчистувањето на дивата депонија лоцирана на улицата Блажо Орландиќ, дневно беа ангажирани по десет работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, отпадот се подигнуваше со втоварувач, а се транспортираше со три специјални комунални возила. Акцијата се одвиваше во координација со Инспекторатот на Градот Скопје.