Герила акција во Скопје: Велосипедска патека?

На улиците во Скопје, односно на велосипедиските патеки секојдневно може да се забележат паркирани возачи. Тоа го отежнува движењето на велосипедистите и ја намалува безбедноста во сообраќајот.

Ова беше причина за една мини герила акција која денес се реализираше во Скопје. Скопјани го потсетија несовесниот возач дека неговиот автомобил е паркиран на велосипедска патека.

Фотографијата беше испратена од наши читатели, а Скопје Инфо секогаш ги поддржува акциите кои промовираат нови промени во градот.