Искршен киоск во Аеродром по полноќ, едно лице извршило кражба

Полицијата информира дека нешто по полноќ се случил инцидент во скопски Аеродром. 

Денеска (13.02.2024) во 00.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во киоск на подрачје на општина Аеродром, едно лице со тврд предмет го скршило стаклото и одзело пари, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.