Хаос во Аеродром: Насилно влегол во обложувалница и почнал да крши, има и повредени

Скопјанец вчера предизвикал инцидент во Општина Аеродром, откако насилно влегол во спортска обложувалница и го скршил пултот, по што со лесни телесни повреди се здобил вработениот.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09.20 часот во СВР, М.И.(24) од Скопје пријавил дека на 14.10.2023 околу 20.00 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром едно лице започнало расправија со него, по што го скршило стаклото од пултот, а тој се здобил со повреди на лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.