Ученик поминал низ стаклена преграда, со расекотини пренесен во Ургентен

Седумгодишно дете од скопско Кучевиште, ученик во ОУ„Климент Охридски“ во населба Бутел, вчера околу 14 часот било донесено во Ургентниот центар со повреди во пределот на стомакот.

-Од извршениот разговор со директорот и хигиеничарка во училиштето било дојдено до сознание дека детето со трчање поминало низ стаклена преграда и се здобило со ресекотини по телото. Со возило на Итна медицинска помош седумгодишникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде било утврдено дека се работи за телесна повреда во пределот на абдоменот, информираат од полицијата.

Детето ќе биде префрлено во детската клиника за понатамошно лекување.