​Инвестиции и нови зелени проекти: Аеродром добива нов парк на површина од 2.300 квадратни метри

Денеска започна изградбата на нов парк на површина од 2.300 квадратни метри со што Аеродром добива нов парк, а граѓаните на овој дел од општината добиваат ново зеленило, место за одмор и рекреација кое ќе биде уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди за уредување на простор од ваков тип. 

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страница потенцираше дека на овој начин се реализира ветувањето за инвестиции во зелени проекти. 

-Се радувам за реализацијата на зелени инвестиции, затоа што ова еден чекор напред кон зелен Аеродром,  и чекор преку кој уште еднаш ја потенцираме важноста на инвестициите во животната средина, но и инфраструктурни проекти кои го унапредуваат урбаното живеење во Аеродром. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување, потенцираше Муцунски во својата Фејсбук објава. 

Во следниот период во општина Аеродром ќе започне реализацијата на уште неколку зелени инвестиции во општината: нови паркови, плоштади и енергетско ефикасни објекти ќе бидат новата реалност во Аеродром.