Интересна музичка комбинација: Калиопи сними песна со Слаткаристика

Во текот на изминатиот ден беше објавена новата песна, соработка меѓу Калиопи и Слаткаристика.

Продукцијата и аранжманот се на Ромео Грил, а стиховите се заеднички напишани од Калиопи и Марко Маринковиќ, во јавноста познат како Слаткар.

Песната е со наслов „Казна“, а е и дел од нејзиниот најнов студиски албум наречен „Албум“.