Игор и Гуру Харе, Куку Леле, ПМГ Колектив, Ласт Експедишн, Миле Кузмановски на „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Од  10-ти до 23-ти септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ која првпат годинава за посетителите ќе понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти.

Македонски познати музички бендови и изведувачи, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители е само дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов. 
На „Звуците на културата“ ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, мјузикл Коштана, Милко, Летечки Пекинезери и многу други.

Манифестацијата ќе се одржи во паркот во Ѓорче Петров.