Дочек на 2017 на Сквер Јадран со Јура Стублиќ и Забрането пушење

Општина Центар и годинава ја организира манифестацијата “Град во Градот 4“. На познатата локација, Сквер Јадран, центарци, скопјани, но и граѓани од цела Македонија, новата 2017-та година ќе ја дочекаат со македонските хип хоп пионери, С.А.Ф.,со Јура Стублиќ и Филм и со Забрането Пушење.

„Журката започнува после 22 часот, добредојдени се сите позитивни луѓе кои сакаат добра забава. Филм е југословенска и хрватска рок група, основана во 1978 година, чиј фронтмен е Јура Стублиќ. Оригиналната постава на Филм се распаднува во 1986-та, а набргу потоа, повторно се составуваат како “Јура Стублиќ & Филм“. Публиката на Сквер Јадран ќе има можност во живо да ужива во нивните мегахитови, по цели пет години од последниот настап на скопското Калe. Присутните ќе се потсетат и ќе заиграат во ритмот на музиката на култната рок група “Забрането пушење“ и на легендарната “Зеница Блуз", велат од Општина Центар..