Забава, музика и дружење за сите генерации на платото на ТЦ Лептокарија

Од 24-ти до 26-ти август оваа година, Општина Карпош, по единсесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018.

На платото во ТЦ Лептокарија граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации.
Новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствува од секој аспект. Од оваа причина, се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти кои импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност. Тридневната културна манифестација ќе ја води нашиот познат актер, Сашко Коцев, а, карпошани ќе може да уживаат во звуците на македонската поп и рок
музика, етно мелосот, како и во програмата наменета за најмладите генерации предводена од „Златните славејчиња“ и Петко 5+ бендот, кои претставуваат белег на урбаното и модерно Скопје.

24.08 - ПЕТОК:
- 19:30 часот, настап на децата учесници на детскиот фестивал Златно
славејче;
- 20:30 часот, настап на Дарио Панковски;
- 21:45 часот, настап на групата Нон Стоп.

25.08 – САБОТА:
- 19:30 часот, забава за најмладите со фамилијата на Петко 5+;
- 20:30 часот, настап на The Blue Funk Individuals;
- 21:30 часот, Игор Џамбазов, Гуру Харе и пријателите (Мики Јовановски
Џафер и Кристина Арнаудова);

26.08 – НЕДЕЛА:
- 20:45 часот, настап на фолклорно студио ЕТНОС;
- 21:00 настап, Чалгија саунд систем;
- 22:00 часот, Златко Ориѓански и Бени Шаќири.