Хаос на скопските улици: Над 30 лица возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатата ноќ, полицијата санкционира 33 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во Скопје.

На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи, јави МВР.

Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.
Спроведена била и аакциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози, соопштија од полицијата.