„Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин“, вели Мицкоски

Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин, кој, најверојатно, претставува криминална пресметка. Палење возило е криминален чин, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Битола, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со палењето на возилото што го возел вицепремиерот Артан Груби.

- Не гледам зошто толкава возбуда кај лицето чие возило беше запалено. А начинот на кој е направено тоа личи на криминална пресметка бидејќи, прво, сопственик е лице што има 35 години, а лицето на кое му е запалено возилото вели бил успешен бизнисмен 30 години, потоа тој некако тајно успеал да инсталира флешери, со кои се добива предимство во сообраќајот, а лицето Артан Груби не бил информиран понатаму како МВР го дозволило тоа, рече Мицкоски.

Тоа, додаде Мицкоски, се сплет на настани поврзани со криминален чин.

- И наместо да ја преземе одговорноста, тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ, мене лично. Времето ќе покаже кој бил во право, укажа Мицкоски.