Грчеви, тешко привикнување во градинка...тоа се случува само на оние со тешка „судбина“. Ние што не се жалиме не сме добри мајки

Моите деца се добри и пристојни, пораѓајот помина во најдобар ред, но тоа нема никаква врска со мене и моето однесување, едноставно имам среќа, велат другите.

Децата ми заминуваат на спиење кога ќе им кажам, пристојно седат на столчињата додека ручаат и не урлаат и викаат во продавница ако нешто не им се купи.

Понекогаш ми е незгодно да кажам  гласно - дека моите деца се навистина добри. Бидејќи секогаш ќе се најде некој паметен и ќе ми каже дека тоа е заради тоа што тие не се проблематични и имам среќа.

Грчеви, непроспани ноќи, маки со јадењата, растење запчиња, тешко привикнување во градинка....Овие работи изгледа само им се случуваат на оние со тешка „судбина“. Ние што не се жалиме не сме добри мајки и не сме го поминале истото..

Една комшика ми вели: „Мојот син е толку немирен има толку тежок карактер, никогаш не спие, мал ѕвер е. Одам со него во продавница и ако не си купи киндер јајце и гумени, бонбони настанува хаос прво ми кенка пред сите, па почнува да вришти, ти немаш право да се жалиш твоиве се бубчиња навистина имаш среќа“.

Да, навистина сум среќна, но не е до среќата него до мојата грижливост, жртвување, што не ги запоставувам, не им зборувам дека се глупави или идиоти ако направат нешто неправилно, не ги тепам и не зборам неубави работи за другите пред нив...

Децата се во состојба да направат многу повеќе од очекуваното, без оглед дали се работи за манири, почит кон постари, самоконтрола или великодушност. Мислите дека децата не знаат да седат пристојно во ресторан? Или дека знаат самите да си ги соберат играчките? Тоа е глупост, затоа што единствената причина поради која мислите дека не знаат и не можат е затоа што не сте им дале можност да научат. 

Денес сите нешто се возбудуваме кога некој друг ќе каже нешто за нашите деца. Ги поддржуваме само оние го поддржуваат нашиот начин на воспитување, иако не значи и дека навистина е добар. Мислиме дека само ние имаме ексклузивно право да влијаеме на нивниот раст и развој.

Ама, овој мој успех за другите мајки очигледно е само среќа.