Нацртај се овде, ако ти дојдам таму има влечка да заигра па да го видиш ти Господ!

Во детството ни сметаа, понекогаш и навредуваа. Но, сега кога порасанавме и имаме свои деца разбираме дека овие реченици биле израз на љубов и грижа од нашите родители. Сигурно вашата мајка ви се обратила со еден од следниве фрази:

Намали ја музиката немој да ти влезам во соба па да видиш како ќе ја намала.

Добр бре цел ден надвор си, па имаш ли куќа?

Бојлерот пуштен цел ден, осет да се немало, сметката за струја поголема од мојава плата.

Од сабајле па до  вечер, само куцај на телефон. А, јас те молам два дена овде да ми покажеш како да го меморирам бројот.

Нацртај се овде, затоа што ако ти дојдам таму има влечка да заигра па да го видиш ти Господ!

Фрижидерот пак празен, вчера го полнев, прави ручеци цел ден, прави, пак на крајот ненајадени!

Секој ден ли ќе ви трчам по газот на сите им е средено, само ова куќа смрдена остана, како стоки тука да живеат!

Додека ја ти купувам облека нема да ми кажуваш што е модерно, оди заработи па купи си.

Затвори ја врата, не си роден во брод.

Значи ист/а како татко ти си....

Престани да бараш пред другите, кога ќе дојдеш дома ќе си го добиеш

Не ми кажувај на мене јас те родив или ти мене?

Не ме интересираат другите деца, не ми кажувај приказни.

Како бе не знаеш, пред 20 години завршив школо и до ден денес ја памтам таблицата за можење.