Градежник тешко повреден на работното место

На 31.08.2021 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.45 часот во објект во изградба на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, Г.И.(28) од с.Порој, тетовско, додека извршувал работни задачи паднал и се здобил со тешки телесни поврди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а за настанот бил запознаен трудов инспектор.