Млад градежен работник настрада на работното место

19-годишник е тешко повреден додека извршувал градежни работи. 

- На 01.11.2023 во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.Љ.(19). Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачје на Центар, соопшти полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил известен инспектор од Државен инспекторат на труд.