Голема акција во Скопје - полицијата удри по пијаните возачи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 200 возачи, алкотестирани биле вкупно 150 возачи , кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање.   По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 144 мерки . Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози а против 2 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка.