„Гола Месечина“ годинава со рекордна посетеност во Аеродром

Со стенд-ап шоуто на Тино и Атанас, вчеравечер се затвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ во Аеродром.

Настанот и оваа година, 10-ти пат по ред, на Аеродром и Скопје им понуди пет дневна забавна содржина која го подигнува нивото на културниот живот во општината.

- Оваа година, покрај тоа што е јубилејно издание, беше прослена и со рекордна посветеност на манифестацијата од Аеродромци. Неколку илјади граѓани, секоја вечер и без разлика на временските услови, имаа можност да проследат театарски претстави и настапи од Македонија и регионот, велат од општината. 

 „Гола Месечина" започна во средата со претставата од Р. Србија „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“, додека во следните денови граѓаните имаа можност да ги проследат претставите на Импров група Скопје, „Разведи ме“ од Театар Провокација, како и стенд-ап настапите на Сашко Коцев и Тино и Атанас.

- Станува збор за традиционален настан кој се реализира во соработка со НУ Театар Комедија и со целосна финансиска поддршка од Општина Аеродром. Како општина остануваме посветени на поддршка на сите настани кои имаат цел да го подигнат нивото и културниот живот во општината, како и сите манифестации кои креираат дополнителни забавни содржини кои го збогатуваат секојдневието на граѓаните, порачаа од локалната самоуправа.