„Ѓорче Петров Куп” од 1 до 19 септември

По повод празникот на Општина Ѓорче Петров – 20 септември, од 1 до 19 септември, четврти пат ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал „ Ѓорче Петров Куп 2017“.

На турнирот што ќе се одржува на Мултифункционалното игралиште ,,Ѓорче Петров” (кај надвозникот) како и досега ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија.

Пријавувањето на екипи, соопштија од Општина Ѓорче Петров, трае до 31 август кога во 20:00 часот ќе се одржи и извлекувањето. Котизацијата од екипа изнесува 4.000 денари.

Наградниот фонд за прво место е 120.000 денари, за второ 60.000, за трето 30.000, а за четврто место 10.000 денари.

Генерален покровител на турнирот е Општина Ѓорче Петров.