Клиниката за токсикологија со двојно повеќе луѓе за Суперкупот

Во пресрет на УЕФА Супекупот Клиниката за токсикологија обезбеди двојни екипи за дежурање во наредните 48 часа, како и дополнителни екипи на повик, соопштија од Министерството за здравство.

– Со цел поуспешна евентуална здравствена помош на гостите, апелираме и потсетуваме за граѓаните на Скопје да ги користат услугите на Ургентниот центар во ГОБ 8 Септември – како најблиска установа каде можат да ги добијат неопходните здравствени услуги.

Исто така, и во рамки на службата за итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје – обезбедени се дополнителни екипи, а возила на итна медицинска помош ќе бидат присутни и на плоштад Македонија каде ќе се одвива централниот пренос – велат од Министрсвото.

Министерството за здравство, упати укажување до сите јавни здравствени установи за повисок степен на подготвеност, односно да обезбедат доволно тимови за евентуално зголемување на бројот на пациенти.