Француската спектакл трупа Compagnie des Quidams викендов на Бела ноќ

Во рамки на годишешното издание на Бела Ноќ планирано е настапат голем број меѓународни имиња. Манифестација се случува оваа сабота на неколку локации во главниот град.

На Плоштадот Македонија, во 21:00 часот, француската спектакл трупа Compagnie des Quidams нè дочекува со нејзиниот последен звучно-светлосен перформанс.

Групата е формирана од страна на Jean-Baptiste Duperray, Company des Quidams создадоа двоцифрен број претстави/спектакли со кои имаат гостувано во повеќе од 40тина држави на повеќе континенти. Company des Quidams ја сочинуваат над дваесетина уметници од театарот, музиката, циркусот, останати сценски изведувачки уметности.

Во нашиот град, гостуваат прв пат со нивната последна продукциската претстава именувана “FierS à Cheval”.