Овој викенд: Бесплатен влез во зоолошка и бесплатен автобуски превоз

Оваа сабота, ширум нашиот град се случува дванесетото издание на Бела ноќ. Годинава организаторите најавуваат коцентрирана програма низ неколку точки во градов.

Во текот на денот, во периодот од 12 до 18 часот,  за сите посетители бесплатен ќе биде влезот во скопската зоолошка градина. Во периодот од 19 часот до раните утрински часови бесплатно ќе сообраќаат автобусот на ЈСП во централното градско подрачје.