Франц Кафка: Сакав една девојка која ме сакаше мене...

Ја сакам и не можам да разговарам со неа, ја избегнувам за да не ја сретнам.

Сакав една девојка која ме сакаше мене, но морав да ја оставам.

Зошто?

Не знам. Целата таа работа беше како да беше опкружена со војници кои ги држеа копјата наполу вперени кон мене. И кога ќе ѝ се приближев, налетував на шилци, бев ранет и морав да избегам. Многу страдав.

Дали девојката беше виновна за тоа?

Не верувам, сигурен сум дека не беше. Споредбата која ви ја кажав не е потполна, затоа што и јас бев опкружен со војници кои копјата ги имаа вперено навнатре, значи кон мене. Секогаш кога ќе ѝ се приближев, прво налетував на копјата на своите војници, па така мојот напредок застануваше тука. Можеби никогаш и не ни стигнав до нејзините војници, па ако крварев, крварев од сопствените копја.

Дали девојката остана сама?

Не, некој друг допре до неа, лесно, без да биде спречуван од ништо. Исцрпен од своите настојувања, тоа го гледав сосема рамнодушно, како да сум воздух низ кој нивните лица налетаа едно на друго при првиот бакнеж.

Франц Кафка

nike free run 5.0 hyperfuse