(Фото) МВР со детали за познатиот ресторан кој изгоре во Центар

Утрово избувна пожар во познат ресторан во центарот на Скопје.

- Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема, велат од МВР за „Скопје Инфо“.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита.