Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје

Девет пожарникари со четири возила утрово во 4 часот интервенирале по дојава за пожар во ресторан во центарот на Скопје.

Ресторанот „Лајт клуб“, кој се наоѓа во близина на АМСМ, изгоре во пожарот кој го зафати објектот, а според фотографиите може да се забележи дека е причинета голема материјална штета.

- Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема. На местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита, информираат од МВР.