Фереро Роше бомбици готови за 30 минути

За нив потребни ви се само 5 состојки, а вкусот и задоволството се незаменливи.

Потребни состојки:

100g лешник наполитанки

150g лешници

200g Нутела

150g чоколадо за готвење

4,5 лажички масло.

Начин на подготовка:

Искршете ги наполитанките, додајте ги исечканите лешници и Нутелата за да се соедини сè. Обликувајте ги бомбиците и ставете ги во фрижидер за да се изладат. Стопете го чоколадото за готвење на помала температура, па прелијте ги бомбиците. На крај може и дополнително да ги извалкате во издробени лешници.