Отворена најголемата празнична акција откако постои EXIT, во која со купување на влезница за EXIT фестивал по промо цена од 3580 денари, на подарок се добиваат и четири влезници за останатите четири фестивали од EXIT Freedom 2018 потфатот.
Покрај Exit, тука се и новиот Festival 84 на олимписката Јахорина, Sea Star фестивалот во Умаг, Revolution во Темишвар, како и Sea Dance во Будва. Акцијата важи за сите кои веќе ја купиле или допрва ќе ја купат својата влезница за EXIT фестивал, а единствен услов е да се регистрираат во периодот од 15-ти до 28-ми февруари на сајтот www.exitfest.org и на тој начин да го потврдат своето доаѓање на останатите фестивали.
Бројот на влезници во оваа акција е многу ограничен, а акцијата трае најдоцна до крајот на оваа година или и порано, до истекот на предвидениот контингент за оваа намена!
Влезниците во Македонија можете да ги купите во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Во продажба е и многу ограничен број на туристички пакети за EXIT фестивал веќе од 75 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалниот туристички сервис на EXIT фестивал, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани.
За сите љубители на зимските спортови достапен е и многу ограничен број на туристички пакети за новиот Фестивал 84 на Јахорина, по цена веќе од 49 евра со влезница за фестивалот, дводневен ски пас и сместување. Во подготовка се и нови, исклучително атрактивни пакети за Sea Star. Повеќе информации на www.exittrip.org.