Есма Реџепова почина кон крајот на 2016 година, жална е глетката која екипата новинари од Курир.рс ја затекна во нејзината куќа и на нејзиниот гроб.

Жена со таква биографија не заслужила дури и по две години од смртта, да нема споменик нејзиниот гроб. На него стои само знак дека кралицата на ромската музика, како што ја нарекуваа е тука погребана.

Куќата во која живееше не е во подобра состојба. Камерите се искршени или отстранети, па дури и вратата е отклучена, и може да се каже дека во наредниот период внатре може да се всели било кој бездомник.

Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно е ограбен и во него нема ништо.

Состојбата е апсолутно загрижувачка. Се чини дека никој не се сетил  куќата во која Есма живееше и  гробот во кој таа е погребана, да ги обезбеди и уреди, пренесува српскиот портал Курир.рс, во видеото за најавата на неговата „Викенд премиера“.

Инаку Есма Реџепова според нејзиниот тестамен, целото наследство и го оставила на државата, а авторските права на едно од своите 47 деца.