Едно гиро, а три цени: Омиленото летувалиште на македонските туристи, сериозна закана за џебот!

Во популарното летувалиште Ханиоти во Грција, кое е омилено меѓу Македонците, оваа година забележано е значително зголемување на цените. Најголемото изненадување е кај цените на гирото, традиционалното грчко јадење, кое сега чини различни суми во зависност од локацијата и условите на продажбата.

Цените се движат од 2.5 евра за пита гиро за носење, цената за порција гиро со традиционалните додатоци е 4 евра, додека 8 евра чини гиро во ресторан. Ова значително покачување е предизвикано од порастот на цените на суровините и инфлацијата во земјата, која исто така влијае врз цените на другите производи и услуги. Туристите сега се соочуваат со повисоки трошоци за престој, храна и забава, што ја прави Грција помалку привлечна за оние кои бараат поевтино летување.

Грчко кафе од 1.50 евра

Цената на традиционалното грчкото кафе се движи од 1.50 до 2 евра, додека ладното кафе чини 2.50 евра (околу 150 денари). Цените на пијалоците во продавниците за брза храна (пиво, вино, кафе и чај) се по 2 евра.

Водата е околу 2 евра, додека газираните сокови околу 150 денари.

И покрај зголемените цени, Ханиоти останува популарна дестинација, особено за туристите од Балканот, поради близината, убавите плажи и гостопримството на локалното население. Меѓутоа, зголемените трошоци може да ги натераат туристите да размислат за алтернативни дестинации или да го скратат времетраењето на нивните одмори​.