Националниот авиопревозник на Латвија „ЕрБалтик“ почна да лета од Скопје до Рига.
Сезонска авиолинија од Скопје за Рига ќе функционира од мај до крајот на септември, двапати неделно, односно во петок и понеделник, со авион од типот „ербас А220“.
Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на „Ер Балтик“, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.