Еднаш изговорените зборови не можат да се избришат, ниту да се повлечат

Многу често кажуваме работи кога сме среќни, тажни, лути. Зборовите кои ги изговараме имаат огромно влијание и врз нас, но и врз луѓето на кои им ги упатуваме.

Често некој ќе каже дека кажал нешто во наплив на лутина или во тек на караница, но дека не го мислел тоа навистина, но дали е важно? Еднаш изговорените зборови не можат да се избришат, ниту да се повлечат. Тие се кажани и остануваат да лебдат во воздухот и долго откако се кажани. 

Еден единствен збор може да скрши нечие срце, да направи човек да изгуби самодоверба, да се повлече во себе, особено ако тој збор е искажан од личност која му е важна на човекот. 

Сите понекогаш сме импулсивни и избувнуваме, но мораме да внимаваме како ги избираме зборовите, затоа што баш со нив ги повредуваме оние кои највеќе ги сакаме. 

Не заборавајте, луѓето секогаш помнат како сте направиле да се чувствуваат, и од нас и од нашите зборови зависи како ќе направиме да се чувствуваат. Добро или лошо. 

Важно е да се трудиме да не повредуваме никого. Затоа зборовите се многу важни. Зборовите не се само обични зборови, тие имаат значење и контекст. 

Избирајте ги мудро.