Децата треба да ги слушаат овие зборови секој ден

Како родители, поставени сме пред голем предизвик и имаме милион обврски кои мораме да ги завршиме. Но, грижата за нашите деца е најважна.

Љубовта која им ја даваме на децата има огромно влијание на нивниот детски развој,но и на тинејџерските и понатамошните години од животот. Имаме одговорност за сигурноста и довербата која децата ја имаат во нас, но и за нивната самодоверба и умствен развој. Затоа, треба да најдеме време за нив, да зборуваме за нештата кои им се важни и да ги едуцираме и воспитуваме на правилниот начин.

Ова се 10 реченици кои секојдневно треба да им ги кажуваме на децата.

1. Те сакам.

2. Едвај чекам да ми раскажеш за денот.

3. Горд/а сум на тебе.

4. Тоа е интересно прашање и супер идеја.

5. Верувам во тебе.

6. Знам дека се трудиш.

7. Ги правиш мама и тато среќни.

8. Умно си.

9. Ти простувам.

10. Тука сме за тебе.