Четири зборови кои имаат убиено многу соништа...

Постојат четири зборови кои имаат убиено многу повеќе соништа отколку одбивање, неуспех или што било друго. Се прашувате кои се тие 4 зборови? Сите чувствуваме дека одбивањето ги убива нашите соништа, сите чувствуваме дека неуспехот ги убива нашите соништа и дека луѓето ги убиваат соништата.

Но, токму овие четири зборови кои постојано ги повторуваме во главата, убиле повеќе соништа отколку сите горенаведени работи заедно. Тие четири зборови се:

Што ќе мислат другите?

Што ќе мислат другите? Колку пати сте се откажале од нешто што сте сакале да го направите само затоа што сте се плашеле што ќе речат другите? Колку пати заради страв од нечие мислење или критика не сте направиле нешто во коешто сте верувале? Колку пати нечија перцепција ве спречила да го остварите вашиот потенцијал?

Прочитајте ја оваа приказна за човекот и неговиот татко кои оделе со својот коњ покрај пазарот...

Додека се движеле, еден од луѓето ги видел и им рекол: „Вие не сте нормални, ако имате коњ, зошто да не го јавате? Помислиле: „Па да, можеби е во право.“

Кога продолжиле по патот, синот го јавал коњот, а неговиот татко одел покрај него. Некој друг човек ги видел и им рекол: „Како можеш да бидеш толку дрзок и да го оставаш твојот татко да оди додека ти си на коњот?“ Младиот човек помислил: „Па можеби е во право“. И заради тие критики, се симнал од коњот и го оставил таткото да се качи.

Продолжиле по својот пат и тогаш ги сретнал трет човек кој рекол: „О Боже, ти старецу, зошто си толку мрзлив? Го оставаш син ти да оди додека ти си седиш на коњот!“ И двајцата помислиле: „Па можеби е во право.“

И така на крај и двајцата се качиле на коњот и продолжиле по патот. Тогаш рекле: „Е сега не може никој да се буни.“ На нивно изненадување, еден друг човек викнал: „Вие сте најбезобразните мрзливци кои сум ги видел во животот. Не ви е жал да го мачите коњот? Како воопшто можете да спиете навечер?“

Оваа поучна приказна ни покажува дека без оглед на тоа што ќе направите, секогаш ќе се најде некој со замерки. Секогаш ќе има луѓе кои ве критикуваат, кои ќе се жалат, кои ќе се обидат да ве срушат и да ви кажат дека тоа што го правите не е во ред. Лудо е да се откажуваме од она што го сакаме само заради туѓото мислење. И дури и ако живееме според туѓите мислења, никогаш нема да бидеме во право. Секогаш ќе има некој кој нема да се сложува. И затоа е важно да ги правиме работите според наша мерка. 

Аристотел рекол: „Постојат три начини да се избегне критика: Да не правиш ништо. Да не збориш ништо. Да не бидеш ништо.“ И никој од нас не сака таква иднина. Не дозволувајте некој да ве спречи. Не дозволувајте нечија критика да ве парализира од страв. Следете ги своите страсти. Вложете во она во кое верувате.

Не дозволувајте комплиментите од другите луѓе да ви удрат во глава, ниту пак критиките да ви допрат до срцето.

~ Џеј Шети