Најубавите зборови за бракот: Внимателно трошете ги зборовите и чувствата

Познатиот српски поет Душко Радовиќ ги има напишано некои од најубавите реченици за бракот. Прочитајте во продолжение:

Бракот се уредува со закон само тогаш кога не може поинаку. Заради тоа не дозволувајте законот да ви го уредува бракот. Уредете го сами, поубаво и похумано отколку што може да предвиди кој било закон. 

Сакаме да ви биде убаво, да трае долго, да се радувате едни на други, да живеете со уверувањето дека денес сте завршиле еден од најважните работи во животот. 

Ви советуваме да не брзате, внимателно да ги трошите зборовите и чувствата. Немојте веднаш да потрошите сè. Распоредете ја својата љубов и заемна почит, за да ги има секој ден од вашиот заеднички живот. 

Законот вели дека мажот и жената се рамноправни во брачната заедница. А тоа може и поубаво да се каже: Зголемувајте ги своите обврски за да не ги загрозувате правата на другите. 

Бракот не може да биде цел. Тој е само можност за вашите други интереси полесно и поубаво да се остварат. Затоа, постојано градете ја вашата врска, проширувајте ги нејзините граници, не дозволувајте да стане мрзлив, да згасне, да се успие, да престане да живее и постои. 

Збогатувајте го својот заеднички живот, борете се за рамноправност на животот, бидете реални и одмерени кога ги одредувате вашите цели, а силни и упорни кога треба да ги остварувате. 

Не можете да се занимавате само со љубов. Љубовта е убава само кога се подразбира, кога ги следи нашите останати активности, кога ни дава сила што поуспешно да се оствариме како личност. 

~ Душко Радовиќ