Дубаи, Занзибар, Бали - Македонците сакаат да летуваат на егзотични дестинации

Туристичките работници очекуваат успешна летна сезона. И оваа година најатрактивни се Грција и Турција, но се поголем интерес има и за егзотичните дестинации како Куба, Малдиви, Занзибар, Сејшели, Маурициус, Бали...

Цените за аранжманите во Грција се слични како и минатата година, понудите за Турција се исклучително поволни и се движат од 299 евра по лице, вклучувајќи авионски превоз и хотел со пет ѕвезди.

Но, оваа година Македонците сакаат да одат и на егзотични дестинации. И покрај тоа што цените за таму се доста повисоки, има голема заинтресираност.

Од туристичите агенции велат дека има некои кои аранжманите си ги плаќаат во готово, а дел од нив ги плаќаат на рати.

Во секој случај, од таму додаваат дека од година на година се повеќе се зголемува борјот на луѓе, кои сакаат да отидат на некое егзотично место.

До пред некоја година овие места воопшто ги немало во понудите на агенциите.