Домашна фокача со шери домати

За фокача има многу рецепти, а во Италија речиси секое семејство има традиционален начин на кој ја подготвува.

Но, каквва и да е, секогаш е вкусна и може да се користи како основа за летни сендвичи со зеленчук и сирење, за уште поубав вкус. 

Состојки:

500 гр брашно
Една лажичка сол
4 лажици маслиново масло
250 мл газирана вода
7 гр сув квасец (или 20 гр свеж)

Неколку лажици маслиново масло
Крупна сол
Шери домати 
Рузмарин

Подготовка:

Во мал сад растворете го квасецот или стартувајте го со млака газирана вода. Ставете малку шеќер. 

Во поголем сад ставете го брашното, маслиновото масло, надојдениот квасец и газираната вода на собна температура. Замесете тесто, обликувајте топка и оставете го да стаса околу еден час. 

Садот за печење премачкајте го со масло и посипете брашно на дното. Ставете го тестото и со прстите притискајте го, за да се формираат дупчиња. Прелијте со маслиново масло, ставете сол и рузмарин и наредете ги шери доматите. Оставете да нарасне уште половина час, покриено и потоа печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. 

Додека е топла можете да попрскате со уште маслиново масло.