Доделени се четири милиони евра за зголемување на капацитетите во градинките

Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации.

Со потпишувањето на договорите за проекти, Владата на Република Северна Македонија преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика доделува на општините над 4 милиони евра.

Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.