МТСП со „лекција“ до градоначалниците од истокот: Градинките им се без кадар, оти не знаат да пополнуваат табели

По вчерашната прес-конференција на градоначалниците на општините Штип, Свети Николе, Карбинци и Зрновци дека детските градинки имаат проблем со недостаток на кадар и поради тоа се запишани помал број на дечиња, а до Министерството за труд и социјална политика доставени се барања за согласност за вработување на негувателки, воспитувачки и технички персонал, а одговор се' уште немаат.

Од Министерството за труд и социјална политика денеска одлучија детално да објаснат кој од директорите доставил согласности за вработување, но и дека при нивното праќање изготвувале погрешни табели, за што вработените од Министерството неколкупати им укажувале, а дел од нив биле повикани и на обука. Во писмениот одговор од МТСП се вели дека градинката „Кокичиња“ во Општина Карбинци досега има доставено барање само за директор и дека е обезбедено доставено во градинката.

Други барања за вработувања немаат доставено. Што се однесува за градинката „Бисерчиња“ во Општина Зрновци имаат добиено од Министерството за финансии негативна согласност за готвач. На 10 август имаат доставено барање за еден негувател, еден готвач и еден магационер со грешна табела. Во одговорот на Министерството за труд и социјална политика наведуваат дека мејлот им е испратен на 30 август со укажување за табелата, до денес немаат постапено. -ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“ – Штип: Градинката доставувала барања секогаш со грешни табели.

-Од наша страна секогаш им е давано укажувања.Последната грешна табела им е доставена на 20 април, за што повторно им е дадено укажување, за да конечно во јули достават комплетно барање со точна табела, и од наша страна е испратено барање до Министерството за финансии на 12 јули, за што уште немаме повратен одговор од Министерството за финансии, се вели во одговорот од Министерството за труд и социјална политика. Што се однесува за градинката „Астибо“-Штип: Од ресорното Министерство велат дека градинката има добиено согласност за унапредување осум негуватели, четири воспитувачи и еден виш соработник секретар, како и за вработување на еден набавувач, еден градинар и еден хаусмајстор.

Извор: МИА