Доаѓа топлотен бран во земјава, температури и до 35 степени

Метеорологот Славчо Попоски, конечно со убави вести за временската прогноза, по месец и половина секојдневни дождови.

Како што информираше, доаѓа стабилно и топло време, со температури и до 35 степени.

- Следната седмица очекуваме температури низ Македонија и до околу 35 степени! Првиот поизразен топлотен бран доаѓа кон нашата територија! - објави тој во својата метео-прогноза.