Жолт аларм: УХМР предупредува на можна појава на пороен дожд во попладневните часови

Изололирана појава на нестабилност и пороен дожд се очекува во северните и источните делови од земјата.

Времето денес е сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Денес особено во северните и источните делови од земјата ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.