Ќе добие ли СДСМ жена-претседателка?

За неделава беше најавено дека СДСМ ќе бираат ново раководство по поразот на двојните избори кои ги претрпе партијата и најавите за смена на раководството. 

Неофицијално, за „на чело“ на партијата ќе се бира меѓу Славјанка Петровска, министерката за одбрана и Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ. 

Таа вели дека сериозно размислува да се вклучи во трката за нов партиски лидер. 

- Размислувам да се кандидирам за претседателка на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката, изјави Петровска за „Фокус“.

Дел од медиумите пренесоа дека меѓу кандидатите за претседател на партијата се споменуваат и Зиран Заев, Стево Пендаровски и Венко Филипче.