Дипломатскиот синдикат до Османи: Ние сме последниот бедем зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипоматијата

Откако министерот Бујар Османи го обвини Македонскиот дипломатски синдикат за албанофобија и албано хистерија поради нивните реакции дека се спрема да го назначи Мухаби Синани за конзул во Њујорк надвор од сите процедури стигна реакцијата од нивна стана

Тие му порачаа на министерот дека, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба. Тие го повикаа Османи да не употребува несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери.

- “ Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедници. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати. Министре, во периодот откако Вие ја презедовте функцијата на прв човек на министерството, упатени се повеќе од педесетина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат. МДС реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија за кои реагираше и целокупната јавност“ се вели во нивното соопштение

Од Синдикатот повторно го прашаа Османи дали со назначувањето на Синани за конзул се крши Законот за надворешени работи и му порачаа дека министрите се листопадни а дипломатијата е зимзелена.