Денеска се одбележува Светскиот ден на аутизам: Во Македонија нема регистар за овие лица

Во 2007 го­ди­на Обединетите нации го прог­ла­си­ја вто­ри април за Свет­ски ден на ау­тиз­мот и цел­та е бу­де­ње на јав­на­та свест за по­сто­е­ње на ау­тиз­мот и не­го­во ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње.

Во Ма­ке­до­ни­ја не по­стои офи­ци­ја­лен ре­ги­стар на ли­ца со ау­ти­зам, а по­но­ви­те истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат де­ка тој се ја­ву­ва по­че­сто од Да­у­но­ви­от син­дром, ра­кот кај де­ца­та или од глу­во­ста. По­че­сто се ја­ву­ва кај мом­чи­ња­та откол­ку кај де­вој­чи­ња­та, и тоа за че­ти­ри па­ти.

Во пос­лед­ни­те го­ди­ни бро­јот на де­ца со ау­ти­зам е зна­чи­тел­но зго­ле­мен.

– Ни­ко­гаш не тре­ба да се пот­це­ну­ва­ат сом­не­ва­ња­та на ро­ди­те­ли­те ко­га са­ка­ат да им ука­жат на пе­ди­ја­три­те де­ка не­што не е во ред со нив­но­то де­те, ако им ука­жу­ва­ат де­ка де­те­то не збо­ру­ва, не се од­ѕи­ва на име­то, не го на­со­чу­ва пог­ле­дот кон лу­ѓе­то или об­је­кти­те – сметаат психијатрите.

Ви­стин­ски­те при­чи­ни за по­ја­ва­та на ау­тиз­мот не се поз­на­ти, но се сме­та де­ка ау­тиз­мот има ге­нет­ска ос­но­ва и си­те истра­жу­ва­ња се­га се на­со­че­ни во тој пра­вец. Ау­тиз­мот прет­ста­ву­ва се­ри­оз­но не­вро­раз­вој­но на­ру­шу­ва­ње кое се ја­ву­ва во те­кот на пр­ви­те три го­ди­ни од жи­во­тот на де­те­то, не мо­же да се из­ле­ку­ва и по­ра­ди тоа се­ко­гаш е под­ло­жен на раз­ни шпе­ку­ла­ции, осо­бе­но за­тоа што не се знае ви­стин­ска­та при­чи­на за на­ру­шу­ва­ње­то.

Во Македонија има околу 140 регистрирани деца од аутистичен спектар, но се претпоставува дека се многу повеќе. Се претпоставува дека во земјава има 12.000 луѓе кои страдаат од ова нарушување на невролошкиот развој, ако се земат предвид светските статистики дека еден човек на 166 има аутизам.

Недоволниот степен на знаење, едукација и соодветна обука за наставниците во училиштата за работа со децата со посебни потреби, го отежнува нивното вклучување во наставата. Дел од децата одат во специјални училишта, а дел воопшто не посетуваат настава.

Во саботата во паркот на Франкофонијата се оддржа работилница за печатење маички и школо за жонглирање, а учествуваа и деца со аутизам. децата се дружеа цртаа и боеја, а нивните дела беа изложени во паркот.

Млади уметници денес ќе изведат претстава на улица, а потоа ќе го исцртаат логото на кампањата за подигање на свеста за аутизмот на кејот спроти скејт паркот. Деца на ролерки и скејтови ќе делат налепници низ парк, плоштад, а ќе бидат поставени и постери. За завршниот настан предвидено е од повеќе делови да се состави банер со логото за поддршка на лицата со аутизам.